Како лесно до следење на дневните деловни операции кај компаниите кои произведуваат медицински канабис?

14 Мар 2023

Компаниите за производство на медицински канабис имаат високи стандарди за менаџирање на залихите, производствените процеси и готовиот производ, кои подразбираат прецизно менаџирање на лотовите кои се користат и следење на нивниот рок на употреба. Овие стандарди преточени во најчесто применетите GMP стандарди во работењето, дефинираат список на претпоставки за нормално функционирање на ваквите компании.

  • Детално менаџирање на состојбите на секое растение за време на сите фази од растот
  • Следливост на секое растение и негова поврзаност со семенскиот материјал
  • Менаџирање на залихите по шаржа (лот) и следливост на истите во готов производ
  • Бројот на операции / фази на производство е голем
  • Детална GMP администрација во сите фази на производство
  • Законски пропишана документација за известување на состојбата

Тргнувајќи од овие позиции, се доаѓа до потребата за користење на деловен систем, кој може производствените процеси да ги администрира, контролира, но и да информира за сите значајни параметри. Тимот на Даталаб во изминатите години, успешно реализираше повеќе проекти во компании производители на медицински канабис и се стекна со одлични искуства и референци во оваа индустрија.

Администрацијата на производствениот процес треба да овозможи:

  • Планирање на ресурсите (машините и вработените)
  • Следење на репромателијате по лот број
  • Планирање на репроматеријалите
  • Следливост на готовиот производ
  • Документација и следливост според GMP стандардот

Тимот на Даталаб изработи сопствени модули кои најдоа примена во производствените компании за медицински канабис, со кои се зголеми ефикасноста во работењето и администрирањето на производството. Посебно треба да се нагласи потребата од квалитетно магацинско работење во ваквите компании кои ги задоволуваме со Warehouse Management решение, кое успешно менаџира микролокации, варијанти .. и се користи на PDA уреди, комплетно интегрирано со деловниот систем.

Во прилог ви подготвивме бесплатна скрипта каде може да дознаете повеќе за MECCA модулите. Скриптата ќе може да ја превземете со аплицирање на контакт формата.

Не пропуштајте да го посетите и нашиот штанд на Саемот за Канабис, кој ќе се одржи на 3ти Април во DoubleTree by Hilton, Скопје.

Доколку ви се потребни повеќе информации, слободно контактирајте ги нашите консултанти на 02 3079 213.

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X