Meet the Team – кратко интервју со Александра Николова – ЕРП Консултант во Даталаб МК

27 Фев 2023

Продолжуваме со нашите кратки интервјуа, под слоганот “Meet the Team”, за подобро да ви го претставиме тимот на Даталаб МК.  Во прилог кратко интервју со нашата колешка од тимот за поддршка – Александра Николова, ЕРП Консултант.

Во Даталаб МК ја препознаваат како Алек, по вокација е дипломиран Економист на департман Е-бизнис, се опишува себеси како голем ентузијаст: „Сакам промени и авантури, секогаш сум љубопитна за нови знаења и искуства без разлика дали е тоа некое патување или нешто надвор од мојата комфор зона, на ризикот му пристапувам со чувство на возбуда, што за возврат придонесува за мојата смиреност на работното место“. Омилен коктел и е „ Spicy Margarita“, а омилена дестинација за патување и е градот кој никогаш не спие, „Њујорк“.

Како ја започнавте вашата кариера во Даталаб МК?
Алек: Сосема спонтано ја започнав мојата работна кариера во Даталаб МК, аплицирав за пренасочување на нова работна позиција, каде ме примија на работна позиција ЕРП Консултант за поддршка.


Што работевте пред тоа и со какви вештини се стекнавте? Дали тие ти помогнаа во Даталаб?
Алек: Пред да започнам со работа во Даталаб МК, работев на позиција маркетинг каде бев соочена со предизвикот да развивам веб страници, да креирам промотивни кампањи и да го следам фидбекот на клиентите, каде овие вештини ми помогнаа за новата позиција како ЕРП консултант за поддршка за полесно да го разберам пазарот и да ги менаџирам односите со клиентите.

Што ве натера за да се посветите на оваа професија?
Алек:  Динамичноста и континуираниот развој на професионално и персонално поле.

Што е важно за вас во соработката со луѓето? Кои квалитети треба да ги развивате?
Алек: За да од една соработка добиеме позитивен исход неопходна е обострана комуникација, поставување на заеднички цели и доследно спроведување на истите.

      
Со кои проблеми се сретнуваат вашите клиенти? И дали им се олеснува работењето со PANTHEON?
Алек:  Нашите клиенти се соочуваат со несоодветна организација во нивниот начин на работење. Затоа ние на клиентите им помагаме преку PANTHEON да добијат целосна слика за нивното работење, односно преглед не само она што се работи во моментот, туку планирање на работата и анализа на сработеното. Прегледноста која ја нуди PANTHEON им овозможува на клиентите да работат со максимална точност, низ алатки кои се едноставни за ракување, а кои го прават системот максимално интегриран.

Кои предности ги добиваат со работењето во PANTHEON?
Алек:  Клиентите започнаа да управуваат со промените, а не промените со нив.  Според мене, еден деловен ЕРП систем мора да обезбедува квалитетни информации за сите процеси во компанијата. Достапните и навремени информации, во динамичните компании се од суштинско значење за задоволување на очекувањата на клиентите, вработените и менаџментот.

Што би им порачале на сите кои размислуваат за кариера во Даталаб?
Алек:  Доколку вашата dream job е да имате флексибилност, деловна креативност, сакате предизвици а истовремено сте снаодлива личност – welcome 😊

Вашите преференции за кулинарство?
Алек:  Не сум многу пребирлива кога ставнува збор за кулинарство, но во топ 3 би ги издвоила Мексиканска, Јапонска и Италијанска кујна.

Како и каде се опуштате?
Алек: Во удобноста на мојот дом со рок балади или фантастична драмска телевизиска серија😊.

Вашето хоби?
Алек:  Од вежбање, точак на кеј; од уметност, пијано; од хедонизам, вино со добро друштво.

Твој цитат/инспирации:
Алек: “Свако од нас живи два живота – други живот почиње када схватиш да имаш само један”
„Секој од нас живее два животи – вториот живот започнува кога ќе сфатите дека имате само еден“

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X