PANTHEON функционалности – Благајничко работење
При продажба или издавање на услуги, Благајната е неопходна функција во деловното работење. Овозможува издавање на сметки за крајни купувачи на основа на шифрарник на купувачи, артикли и залихи.
Можете да користите системско креирани исписи за сметки кои ја забрзуваат вашата работа, а потоа може да ги корегирате по ваша желба. Со едноставно внесување на рачни терминали и читачи на бар-кодови, времето потребно за изработка на документите значително се намалува. Со тоа лесно можете да им овозможите на вашите клиенти брза продажна услуга.
Во Благајничко работење е вклучено:
- издавање POS (Point-of-sale) сметки,
- шифрарник на купувачи,
- преглед на производите и залиха,
- заклучок на благајна и автоматско книжење на документи,
- интеграција со бар-код и рачни терминали,
- внесување и печатење на благајнички сметки,
- внесување и печатење на благајнички трошоци,
- следење на плаќањата во домашна и странска валута,
- водење со повеќе благајни,
- благајнички дневник,
- пресметка на благајна,
- автоматско објавување на дневни заклучоци во главната книга.
Прочитај повеќе – Кориснички страници