PANTHEON функционалности – Пресметка на плати
Пресметката на плати во деловно-информацискиот систем Pantheon се одликува со исклучителна прилагодливост, што овозможува пресметки за различни типови на претпријатија, работни односи, основни и дополнителни исплати и плаќања за нив.
Исто така, овозможена е едноставна пресметка на плата и еднократен внес на податоци, после подготовка на подесувањата за првата пресметка. Основа за пресметка на платата е персоналната мапа на вработените и шифрарници на работни места. Деловниот програм PANTHEON автоматски ги пренесува податоците во однос на отсуство и присуство на работно место, плаќање на провизија, кредити, плаќање чланарини за синдикат, патни налози и други видови на задршки. Кога сите податоци се на едно место, пресметката на плата се одвива брзо и лесно.
Поедноставено работење со помош на законските обрасци и исписи
Како дел од пресметеката за плата, на располагање ги имаме сите законски обрасци (), како и голем број на други исписи, кои помагаат да се прикаже рекапитулацијата на придонеси, заработки, пресметки, кредити, шифри на налози за плаќање, годишен картон на вработени, картица на вработени за кои се плаќа дополнитено осигурување и др.
Програмата ни овозможува да креираме налози за плаќање директно од формата во која што ја подготвивме и пресметавме платата. Истото се случува и при книжењето, бидејќи платата автоматски се книжи во финансиски.
Деловниот програм PANTHEON е во согласност со GDPR
Личните податоци се безбедни и истите се во согласност со GDPR. Пристапот до доверливи податоци е оневозможен преку механизмот за авторизации
Пресметката на плати вклучува:
- Флексибилно дефинирање на ставките за пресметка на плата – вид на заработки, вид на документи, придонеси и даноци
- Можност за внесување, корекција и бришење на повеќе вработени одеднаш
- Можност за сторнирање на веќе направената пресметка за еден или повеќе вработени
- Историски податоци за параметрите овозможува да се направи повторна пресметка
- Пренос на стандардните типови на заработка помеѓу пресметките
- Водење на краткорочни и долгорочни кредити и други суспензии
- Увоз на шифрарници од веб (видови на документи, видови на заработки, видови на работа, придонеси, данок на доход, ослободувања…)
- Увоз на шифрарници со просечна плата, со можност за автоматско повикување на задачите
- Алатки за пресметка на плата од нето во бруто, и обратно
- Можност за генерирање на платни листи на различни јазици
- Различни видови на пресметки во зависност од видот на инстиутуцијата
-
- Плати за компании во кои се вработени лица со инвалидитет, трговски друштва и јавни институции
-
- Различни видови на пресмтека:
- Редовна плата (колективни/индивидуални договори)
- Авторски хонорари (новинари, уметници)
- Договор на дело
- Партиципација и изнајмување
- Пресметка за приправници, ученици и студенти
- Различни видови на пресметка на основна плата:
- Почетна точка во пресметка на месечна бруто плата
- Почетна точка при пресметка во било која валута
- Почетна точка на пресметки врз основа на бројот на вработени
- Почетна точка врз основа на оценки
- Почетна точка на пресметка врз основа на различни основи за исплата
- Почетна точка на пресметка согласно работното место
- Почетна точка на пресметка врз основа на параметрите во персоналната мапа
- Почетна точка на пресметка врз основа на носител на трошок
- Различни видови на пресметка на дополнителни исплати:
- Повеќе работни места во исто време
- Чланарина за синдикат вклучена во бруто износот
- Бонитет
- Регрес за годишен одмор
- Инвалидност
- Јубилејни награди
- Отпремнина
- Доброволно дополнително осигурување
- Неплатено отсуство
- Минат труд
- Бенифициран стаж
- Разлика до минимална плата (пресметана и исплатена)
- Пресметка на храна и превоз (зависно од релацијата)
- Награди за вработените
- Боледување на трошок на компанијата
- Доплата за боледување
- Ослободување од придонеси
- Исписи за плата:
- Различни платни листи на странски јазик
- Различни рекапитулации
- Подготовка на извештаи во однос на приходи и задршки за членови од семејството
- Можност за креирање на различни обрасци
- Можност за извоз на исписи во MS Excel, Word, PDF…
- Испаќање на платни листи
- Автоматска продготовка на платни налози
- Превземање на податоци од други извори:
- Патни налози (неисплатени патни налози)
- Посебни мапи (податоци од вработени), производство (производствени нормативи)
- Задачи (информација за присутност на работно место)
- Календар (податоци за отсуства од работно место, празници)
- Извоз на податоци
- Автоматско книжење
- Проверка и спречување на истовремена употреба или внесување / промена на податоците во личната папка за време на пресметката на плата,
- Различни контроли
Вклучено во лиценците
Дигитализирајте го вашиот бизнис со услугите на PANTHEON еРаботење.
Даталаб МК д.о.о.е.л
Бул. 8ми Септември 2/2, 5 кат
1000 Скопје, Македонија